| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски оствари средби со генералниот секретар на ЕПП и директорот на „Вилфред Мартенс“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој ја предводи делегацијата на партијата во тридневна посета на центатот на Европската народна партија во Брисел, денеска оствари средба со Томи Хунтанен, директор на „Вилфред Мартенс”.


Претходно, во текот на денешниот ден Груевски се сретна и со генералниот секретар на ЕПП Антонио Лопез Истуриз.

Претходните два дена Груевски оствари плодни средби на кои ги промовираше позициите и ставовите по клучните прашања за државата. По средбата со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, се обрати на Самитот на Европската народна Партија (ЕПП). Во фокусот на средбите беа притисоците врз медиумската сфера во Македонија и врз судството, како и целокупната атмосфера во македонското општество по доаѓањето на новата власт во земјата.
Груевски на две сесии се обрати на Самитот на најбројната политичка партија во Европскиот парламент, пред германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите Орбан (Унгарија), Борисов (Бугарија), Варадкар (Ирска) и други државници.

Toj присуствуваше на Самитот на ЕПП на кој беа присутни и поголем број премиери, претседатели на партии и лидери на држави со кои со поголем број од нив, според Груевски, тој успеал да воспостави комуникација, да размени мислења за повеќе прашања, информации за Македонија и да лобира за понамошен макеоднски напредок во НАТО и во ЕУ.

 

http://republika.mk/792322

Во рамки на неговата тридневна посета на европската престолнина, Груевски во Европскиот парламент се сретна со претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ), Дејвид Мекалистер, а потоа и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Груевски имаше плодни средби на кои ги промовираше позициите и ставовите по клучните прашања за државата. Ова е втора посета на Груевски месецов на Брисел.

Груевски: Во Македонија медиумите и судството се под силен притисок на новата власт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top