| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата потврди: Фрижидер е причина за пожарот во лондонскиот облакодер

Пожарот во лондонскиот облакодер Гренфел, во којшто минатата седмица загинаа 79 луѓе, бил предизвикан од фрижидер, и не е намерно подметнат, соопшти британската полиција.

Полицискиот детектив Фиона Меккормак соопшти дека станува збор за фрижидер со замрзнувач од моделот „Хотпоинт ФФ-175-БП“. Таа натаму појасни и дека производителот на уредот моментно врши дополнителни тестови врз него.

Исто така, изолацијата, како и плочите користени како постава на блокот, а коишто били најдени и истражени по пожарот, не го поминале тестот на запаливост, пренесува ДПА.

Наредниов период следи проверка – дали двата материјали биле законски употребени при изградбата.

Можни се и обвиненија за убиство без предумисла, додава полициската претставничка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top