| четврток, 6 декември 2018 |

Заев за уши донесен на поклонение пред царот

На де­нот на све­ти Или­ја, сим­бо­лот на ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, на За­ев му е ор­га­ни­зи­ра­но да ги пре­да­де ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, да се отка­же од ма­ке­дон­ско­то нас­ледс­тво, од ма­ке­дон­ски­от на­род и во Ма­ке­до­ни­ја и во со­седс­тво­то. Се­та ма­ке­дон­ска исто­ри­ја е по­вр­за­на со тој свет ден и на тој ден е по­са­ку­ва­но да за­вр­ши. Да се ста­ви точ­ка на 2 Август. Да не се сла­ви, да се за­мра­зи, да се вр­зе со пре­дав­ство, да бу­ди срам, га­де­ње, на­гон за по­вра­ќа­ње. Ме­сто на­ци­о­нал­на гор­дост, 2 Август да би­де чи­ви­ја во ѓо­нот, ко­ја ќе бо­де на се­кој обид за ис­пра­ва­ње на „кич­ма­та“

Ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја ве­ќе е про­ме­не­та. За­ев ја сме­ни, ѝ да­де друг тек на исто­ри­ја­та. Се за­пи­ша во неа со го­ле­ми кр­ва­ви бу­кви ка­ко пре­дав­ник на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, ма­ке­дон­ска­та ве­ков­на бор­ба, ма­ке­дон­ски­те хе­рои, ма­ке­дон­ски­те жр­тви, ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, ја­зик, пис­мо, ме­лос, на­род­но тво­реш­тво. Под­го­тву­ва учеб­ни­ци со из­бри­ша­на и ре­ви­ди­ра­на бу­гар­ска­ фа­ши­стич­ка оку­па­ци­ја, со ре­ту­ши­ра­на про­ле­а­на ма­ке­дон­ска крв, убис­тва и из­ма­чу­ва­ња, со оправ­ду­ва­ње на стре­ла­ња­та во Ва­та­ша, ѕверс­тва­та во скоп­ски­от Ту­тун­ски ком­би­нат, де­пор­та­ци­ја­та на Евре­и­те во ло­го­ри­те. Не­мир ги бу­ди ду­хо­ви­те на ма­ке­дон­ски­те па­три­о­ти, и ко­ми­ти и пар­ти­за­ни, и тие се ди­га­ат од веч­ни­те по­чи­ва­ли­шта пре­ку ѕвез­де­на­та ма­ке­дон­ска со­вре­ме­на јав­ност. Ве­ков­на­та бор­ба за оп­сто­ју­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја со си­те неј­зи­ни по­себ­но­сти, ја­зик, кул­ту­ра, исто­ри­ја, се­ка­ко и на­род­ни умо­твор­би, ри­там, ме­лос, обе­ди­не­ти ка­ко иден­ти­тет­ски пра­ша­ња, се­га не са­мо што е до­ве­де­на до ра­бот, ту­ку се лиз­га низ ра­це на Ма­ке­дон­ци­те пред се­чии очи.

Ма­ке­дон­ска­та бор­ба за по­себ­ност е исто­ри­ја што е ог­ле­да­ло на се­чи­ја зло­ба, ко­ја е не­и­ско­ре­не­та во со­седс­тво­то, за­тоа и бри­ше­ње­то на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја е по­са­ку­ва­на од си­те. На­род не ќе по­стои без исто­ри­ја. Исто­ри­ја­та е чу­ва­р на на­ци­ја­та, таа е иден­ти­тет. От­ту­ка, За­ев го истр­чу­ва „кру­гот на пре­дав­ни­кот“ Бри­сел, Ати­на, Со­фи­ја, за се­то тоа да фи­ни­ши­ра на 2 Август. Не слу­чај­но е из­бран нај­го­ле­ми­от ма­ке­дон­ски на­ци­о­на­лен праз­ник. Ток­му на де­нот на све­ти Или­ја, сим­бо­лот на ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, на За­ев му е ор­га­ни­зи­ра­но да ги пре­да­де ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, да се отка­же од ма­ке­дон­ско­то нас­ледс­тво, од ма­ке­дон­ски­от на­род и во Ма­ке­до­ни­ја и во со­седс­тво­то. Се­та ма­ке­дон­ска исто­ри­ја е по­вр­за­на со тој свет ден и на тој ден е по­са­ку­ва­но да за­вр­ши. Да се ста­ви точ­ка на 2 Август. Да не се сла­ви, да се за­мра­зи, да се вр­зе со пре­дав­ство, да бу­ди срам, га­де­ње, на­гон за по­вра­ќа­ње. Ме­сто на­ци­о­нал­на гор­дост, 2 Август да би­де чи­ви­ја во ѓо­нот, ко­ја ќе бо­де на се­кој обид за ис­пра­ва­ње на „кич­ма­та“. Со од­зе­ма­ње на исто­ри­ја­та на 2 Август, на ре­во­лу­ци­о­нер­ни­от дух, на не­по­кор­но­ста, на по­ли­тич­ка­та ма­па сре­де Бал­ка­нот ќе по­сто­јат лу­ѓе со ам­пу­ти­ра­на ме­мо­ри­ја, ко­ја ќе ја по­пол­ну­ва кој ка­ко стиг­не во Бри­сел.

Не по­ми­ну­ва тоа што Зо­ран За­ев сво­е­то пре­дав­ство на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја са­ка да го при­ка­же ка­ко ре­ше­ние од „иск­лу­чи­тел­но по­ли­тич­ки при­чи­ни“. Би­деј­ќи да бе­ше „по­ли­тич­ко“, ме­сто иден­ти­тет­ско пра­ша­ње­то за пре­да­ва­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, ма­ке­дон­ски­от не­по­кор, ма­ке­дон­ска­та бор­ба за са­мо­о­пре­де­лу­ва­ње, па и за ма­ке­дон­ски­от ја­зик, ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, ма­ке­дон­ски­от на­род, кој ка­ко мал­цинс­тво е пре­га­зен во со­седс­тва­та, до­се­га ил­ја­да па­ти ќе бе­ше ре­ше­но. Јас­но е де­ка „до­бро­со­седс­тво­то“ не го гра­дат дек­ла­ра­ции и до­го­во­ри, ту­ку по­чи­ту­ва­ње­то, пред сѐ, на сво­е­то и на ту­ѓо­то. За­ев, пак, до­бро­со­седс­тво­то го „гра­ди“ со от­ста­пу­ва­ње на исто­ри­ја­та, со бри­ше­ње на ил­јад­ни­ци жр­тви од бу­гар­ска­та чиз­ма, со не­ги­ра­ње на фа­кти­те за бу­гар­ски­от, но и за грч­ки­от фа­ши­зам – не­ко­га­шен и акту­е­лен.

Ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја за ма­ке­дон­ска­та бор­ба ни­ту би­ла, ни­ту е из­мис­ле­на, ни­ту е но­ва, ни­ту при­па­ѓа са­мо на одре­де­на ге­не­ра­ци­ја би­деј­ќи, за жал, не­ма на­ци­ја ка­ко Ма­ке­дон­ци­те во Евро­па и во све­тот, ко­ја би­ла по­ве­ќе на­па­ѓа­на и не­ги­ра­на. Уште по­мал­ку, таа бор­ба не е „по­ли­тич­ко пра­ша­ње“, ни­ту, пак, би­ла екск­лу­зив­но пра­во на опре­де­ле­на по­ли­тич­ка ма­три­ца или пар­ти­ја. За Ма­ке­до­ни­ја се бо­ре­ле и на­ци­о­на­ли­сти и ко­му­ни­сти и со­ци­ја­ли­сти, и ко­ми­ти и пар­ти­за­ни, и се­ла­ни и да­ска­ли, а ни­ко­му ва­кви­те опре­дел­би и по­ли­тич­ка фи­ло­зо­фи­ја во­оп­што не му би­ле важ­ни. Та­ка би­ло со ве­ко­ви; низ бор­би­те за сло­бо­да од раз­ни­те ропс­тва, од оку­па­тор­ски вој­ски, ане­кти­ра­ни те­ри­то­рии, па и по соз­да­ва­ње­то Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја во рам­ки на ју­гос­ло­вен­ска­та др­жа­ва; а уште по­ве­ќе по неј­зи­на­та са­мо­стој­ност. И та­ка до де­нес. Таа бор­ба со си­гур­ност ќе оп­стои и по­крај не­до­вет­но­ста на Зо­ран За­ев, кој ѝ ја пре­да­де ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја на тац­на на Со­фи­ја ис­пол­ну­вај­ќи им ги најв­лаж­ни­те сни­шта на си­те след­бе­ни­ци на фа­ши­зо­ид­на­та ди­скри­ми­на­тор­ска по­ли­ти­ка и ан­ти­ма­ке­дон­ски фа­на­ти­зам, од Бо­жи­дар Ди­ми­тров, пре­ку бу­гар­ски евро­пра­те­ни­ци, Ро­сен Плев­не­ли­ев, Бој­ко Бо­ри­сов.

Жал­ни се оби­ди­те на ме­ди­ум­ска­та со­ро­сов­ско-уса­ид­ска ма­ши­не­ри­ја да го прет­ста­ви пре­дав­ство­то ка­ко „бра­ву­ро­зен“ мо­мент. Со пре­да­ва­ње­то на исто­ри­ја­та и на ма­ке­дон­ски­от не­по­кор на по­да­рок во Со­фи­ја, За­ев ја истр­чу­ва пос­лед­на­та ета­па од кру­гот на пре­дав­ство­то, поч­на­то од „па­три­от­ска­та“ без­о­браз­ност, об­ви­ну­ва­њето на Ма­ке­до­ни­ја за со­сед­ни­от фа­ши­зам, бри­ше­њето на Ма­ке­дон­ци­те од нив­на­та др­жа­ва, бри­ше­њето на сѐ што зна­чи вр­ска на Ма­ке­дон­ци­те со ма­ке­дон­ско­то, прог­ла­су­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те ме­сто за жр­тви за из­вр­ши­те­ли на ге­но­цид… Кру­гот е долг, а тре­ба да за­вр­ши со бри­ше­ње на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, со што се кре­и­ра ид­ни­на со се­чи­ја, са­мо не со ма­ке­дон­ска исто­ри­ја.

Документот на увид

Ни­кој не мо­же да ка­же де­ка За­е­ва­та сви­та не беше пратена во Со­фи­ја за да го пот­пи­ше фа­моз­ни­от до­го­вор за до­бро­со­седс­тво, за тој по­тоа да па­ра­ди­ра пре­гр­нат со бу­гар­ска под­др­шка и за уши да биде однесен на поклонение пред царот. Но, што е тоа што му е ста­ве­но под нос за да го па­ра­фи­ра, за тол­ку бр­зо да уви­ди „збор­че“, сит­но кол­ку шол­ја ми­ни­стер­ско ка­фе, па па­ра­фот да се од­ло­жи. Кој и ка­ко го до­и­зра­бо­тил до­ку­мен­тот што ни­за го­ди­ни не мо­жеа да го со­ста­ват ра­бот­ни­те гру­пи за чи­ја­што но­ва сред­ба не­ма ин­фор­ма­ци­ја од 2014 го­ди­на? Ко­га и кој ги до­го­ва­рал и ре­шил спор­ни­те точ­ки, кои не са­мо што не се са­мо мал­ку на број, ту­ку има­ат и го­ле­ма те­жи­на?

Пра­ша­ње­то за за­ед­нич­ка исто­ри­ја се­ко­гаш би­ло и ќе би­де нај­го­ле­ми­от проб­лем што го по­ста­ву­ва­ла Бу­га­ри­ја во до­се­гаш­ни­те пре­го­во­ри. Точ­но е де­ка по­стои ис­преп­ле­ту­ва­ње на исто­ри­ски­те фа­кти, но Ма­ке­до­ни­ја и ма­ке­дон­ски­от на­род имаат сво­ја исто­ри­ја, а Бу­га­ри­ја не мо­же да ба­ра екск­лу­зив­ност врз неа. Чес­тву­ва­ње­то и за­ед­ниш­тво­то врз ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен праз­ник Илин­ден во си­те на­вра­ти бил прво по­со­чу­ван праз­ник по­са­ку­ван од Бу­га­ри­ја. Се­га За­ев од Со­фи­ја, пред да се пок­ло­ни пред спо­ме­ни­кот на Са­му­ил „бу­гар­ски­от крал“, нај­а­ви за­ед­нич­ко од­бе­ле­жу­ва­ње на Илин­ден, од­нос­но „на­ша­та за­ед­нич­ка исто­ри­ја“. И до­се­га има­ло стран­ски прет­став­ни­ци на Меч­кин Ка­мен, но ка­ко го­сти, а не ка­ко ко­до­ма­ќи­ни. Исто­ри­ја­та, оваа не­ре­ви­ди­ра­на од За­ев, ве­ли де­ка Илин­ден­ско­то во­ста­ние е автох­то­но, ма­ке­дон­ско, кре­на­то без ни­чи­ја по­мош. Уште по­ве­ќе, то­гаш се удре­ни те­ме­ли­те на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. Што до­го­во­рил За­ев во ре­ви­ди­ра­ње­то на исто­ри­ја­та и на учеб­ни­ци­те се оби­де да об­јас­ни пред бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми, ка­ко на при­мер бри­ше­ње­то на „фа­ши­стич­ки“ од на­пи­си­те по­вр­за­ни со бу­гар­ска­та оку­па­ци­ја, но тоа не е це­ло­сен од­го­вор на ова пра­ша­ње. Пр­вич­но изо­ста­на ре­ак­ци­ја­та на МА­НУ, ко­ја, за вол­ја на ви­сти­на­та, пос­лед­ни­те не­кол­ку го­ди­ни со­ра­бо­ту­ва со БАН на по­ле­то на исто­ри­ја­та, но, ка­ко што бе­ше наг­ла­се­но: „На­уч­ни­ци­те не се­ко­гаш мо­ра да се сог­ла­сат за не­ко­ја ра­бо­та“. Особено што бугарските научници, како што посочи професор Чепреганов, инсистирале дека македонска нација постои од 1944 година. До­кол­ку во МА­НУ по­бр­зо по­ми­не шо­кот од нај­а­ва­та на За­ев де­ка е изра­бо­тен до­го­вор со Бу­га­ри­ја, ко­ја во го­лем дел ќе вли­јае на ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, до­тол­ку по­бр­зо МА­НУ ќе тре­ба да се ог­ла­си и да го по­ба­ра до­го­во­рот на увид, ка­ко и да ин­си­сти­ра да би­де вклу­че­на во пос­ле­ди­ци­те што ќе про­из­ле­зат од не­го. Пред сѐ, во де­лот на ре­ви­ди­ра­ње на учеб­ни­ци­те.

Вто­ри­от мо­мент што Со­фи­ја го не­ги­ра е приз­на­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Тоа е ди­рект­но за­се­га­ње во ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет. Тоа што Бу­га­ри­ја не са­ка(ше) да при­фа­ти бе­ше до­го­во­рот да по­стои и да би­де пот­пи­шан на ма­ке­дон­ски и на бу­гар­ски ја­зик. Во при­вре­ме­на­та дек­ла­ра­ци­ја од 1999 го­ди­на, таа што бе­ше зе­ме­на ка­ко ос­но­ва за кре­и­ра­ње на до­бро­со­седс­тво­то, бе­ше на­ве­де­на фор­му­ла­ци­ја­та ја­зи­кот „во сог­лас­ност со уста­ви­те на др­жа­ви­те“. Всуш­ност, Бу­га­ри­ја про­дол­жу­ва со не­ги­ра­ње на по­сто­е­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ја­зик ка­ко по­се­бен, ме­ѓу­на­род­но приз­на­ен, ко­ди­фи­ку­ван ја­зик. Тоа не­при­фа­ќа­ње на по­сто­е­ње­то на ма­ке­дон­ски­от ја­зик од бу­гар­ска стра­на во­оп­што не со­од­вет­ству­ва на вос­по­ста­ву­ва­ње и на гра­де­ње од­но­си што би би­ле, пред сѐ, до­бро­со­сед­ски, кон што, всуш­ност, и е на­ме­нет овој до­го­вор. Ва­ква­та по­ста­ве­ност, со пот­пи­шу­ва­ње до­ку­мент во кој би бил из­бег­нат ма­ке­дон­ски­от ја­зик би прет­ста­ву­ва­ло бри­ше­ње на сопс­тве­на­та по­себ­ност и, по­втор­но, иден­ти­тет­ска одред­ни­ца, ко­ја по­тоа го би­ше па­тот за грч­ко­то не­ги­ра­ње на ма­ке­дон­ска­та по­себ­ност.

Ве­ро­јат­но нај­бол­на­та ста­вка за Со­фи­ја е ку­со­то ба­ра­ње за „не­ме­ша­ње во вна­треш­ни­те ра­бо­ти“, за ко­ја ќе ин­си­сти­ра да би­де екск­лу­зив­на за Ма­ке­до­ни­ја. До­се­га за ова не се нај­де ре­ше­ние по­ра­ди ин­си­сти­ра­ње­то од Ма­ке­до­ни­ја за си­ме­трич­ност на га­ран­ци­и­те де­ка „не­ма да има за­гро­зу­ва­ње и ме­ша­ње во вна­треш­ни ра­бо­ти“ на дру­га­та др­жа­ва. Под оваа точ­ка, всуш­ност, Со­фи­ја го по­кри­ва и де­лот со мал­цинс­тва­та, од­нос­но, се ба­ра­ше под­др­шка на бу­гар­ски­от став де­ка не е мож­но да по­стои ма­ке­дон­ско мал­цинс­тво во Бу­га­ри­ја, во сог­лас­ност со твр­де­ње­то де­ка Ма­ке­дон­ци­те, всуш­ност, се „соз­да­де­ни“ пре­ку „ма­ни­пу­ла­ци­ја на ко­му­ни­сти­те“ по 1944 го­ди­на. По ни­за­та за­гу­бе­ни слу­чаи пред ме­ѓу­на­род­ни су­до­ви и тоа од бу­гар­ски др­жав­ја­ни по­ра­ди не­ги­ра­ње на ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво, Со­фи­ја ве­што го зат­скри­ва не­ги­ра­ње­то пре­ку ова ба­ра­ње во до­го­во­рот, кој би тре­бало да обез­бе­ди до­бро­со­седс­тво. До­кол­ку се пот­пи­ше до­го­вор та­ка ка­ко што ин­си­сти­ра Бу­га­ри­ја, Ма­ке­до­ни­ја, ед­но­стра­но, се отка­жу­ва од ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво во Бу­га­ри­ја. Но, ве­ро­јат­но, и во дру­ги­те др­жа­ви, та­ка ка­ко што бу­гар­ски­те ет­но­му­зи­ко­ло­зи „ба­ра­ат“ бу­гар­ски пес­ни кај ма­ке­дон­ско­то мал­цинс­тво во Ал­ба­ни­ја.

Бришење на македонското од Македонија

Ште­та­та што ја пре­диз­ви­ку­ва бр­за­ње­то на За­ев е огром­на. Ако За­ев при­фа­тил до­го­вор во име на др­жа­ва­та во кое са­ми­от ја от­ста­пу­ва ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја и го бри­ше ма­ке­дон­ски­от ја­зик, то­гаш ма­ке­дон­ски­от иден­ти­тет, иден­ти­тет­ски­те одред­ни­ци се оста­ве­ни на бри­шан про­стор при ид­ни­от до­го­вор со Ати­на. Со пра­во ќе се наг­ла­су­ва де­ка се пре­го­ва­ра са­мо „за име“, до­де­ка име­то на на­ци­ја­та и иден­ти­те­тот ве­ќе се из­бри­ша­ни и ќе про­из­ле­гу­ва­ат од тоа но­во име. Ве­ќе не­ма про­стор да се оста­ви пра­вот да слег­не, а по­тоа да се по­пра­ва­ат ра­бо­ти­те. Аген­да­та на Ди­ми­тров од Бу­га­ри­ја не е ни­што по­и­на­ква од таа што ја тур­ка Ди­ми­тров во Гр­ци­ја. До­го­во­рот што е прет­ста­вен во Со­фи­ја е во ди­рект­на вр­ска со до­го­во­рот што се оче­ку­ва да би­де под­го­твен во Ати­на. Оваа аген­да во пр­ви­те де­но­ви на вла­де­е­ње на За­е­ви­от ка­ли­фат им на­не­су­ва огром­на не­по­прав­ли­ва ште­та на Ма­ке­дон­ци­те, на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва, на ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни и др­жав­ни ин­те­ре­си.

Тоа што За­ев го на­ре­ку­ва „за­тво­ра­ње на пог­лав­је­то на на­ци­о­на­лиз­мот и на омра­за­та“, а не­го­ви­от ме­ди­ум­ски клан го опи­шу­ва ка­ко исто­ри­ски мо­мент, се­ка­ко, не мо­же да се од­вои и од ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ко­ја, мо­же­би, во це­ли­на пад­на во втор план, но истр­чу­ва­ње­то на кру­гот Бри­сел – Ати­на – Со­фи­ја, во­оп­што не ја пре­кри­ва неј­зи­на­та су­шти­на. Не слу­чај­но Бу­јар Ос­ма­ни, ка­ко дес­на ра­ка во За­е­ва­та сви­та во Со­фи­ја, ве­ли де­ка тоа би­ло „исто­ри­ска по­се­та“ за да се деб­ло­ки­ра ин­те­гра­ци­ја­та во ЕУ. Цел­та е јас­на, пре­ку та­ка­на­ре­че­ни­те европ­ски че­ко­ри да се за­гу­бат ма­ке­дон­ски­те ет­но­кул­тур­ни обе­леж­ја и Ма­ке­до­ни­ја да се рас­лои по ет­нич­ки прин­цип.

Тра­ги­ко­мич­но е ко­га на си­те „европ­ски“ на­ро­ди на­о­ко­лу им при­ле­га па­три­о­тиз­мот и го бра­нат пра­во­то да го од­бра­нат сво­е­то, Зо­ран За­ев да го ква­ли­фи­ку­ва ма­ке­дон­ско­то ка­ко па­те­тич­но па­три­от­ско. За по­тсе­ту­ва­ње, Со­фи­ја не­о­дам­на пре­ку свој ам­ба­са­дор го отво­ри „пра­ша­ње­то“ за ма­ке­дон­ска­та на­ци­ја, за нив соз­да­де­на по 1944 го­ди­на „со ста­ли­ни­стич­ки ме­то­ди“ за иско­ре­ну­ва­ње на се­то тоа што би­ло по­вр­за­но со прет­ход­но­то. „Но, не мо­же­ле да го иско­ре­нат бу­гар­ско­то ми­на­то од ко­ле­ктив­на­та ме­мо­ри­ја“, зак­лу­чу­ва ам­ба­са­до­рот Ди­ми­тар Цан­чев, на што Ро­сен Плев­не­ли­ев се на­до­вр­за де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба да вле­зе во ЕУ, но „не и ма­ке­до­низ­мот“.

От­ту­ка, до­кол­ку до­го­во­рот тре­ба да го из­бри­ше ма­ке­дон­ско­то од Ма­ке­до­ни­ја, по­до­бро е да се гра­ди до­бро­со­седс­тво без до­го­вор, откол­ку да има­те до­го­вор што ќе соз­да­ва проб­ле­ма­тич­но со­седс­тво.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 251. број на неделникот „Република“, 23.6.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top