| четврток, 6 декември 2018 |

Дводневен „Скопје стрит фестивал“ во Градски парк

Под отворено небо, на 7 и 8 jуни, во Градски парк, Скопје ќе ги здружи своите маала, ќе ги придвижи улиците и ќе ги соедини младите на едно масовно урбано будење. Преку креативност, интеракција и музика сакаме заедно со вас да го изградиме социјалниот и емотивниот капитал за да го трансформираме градот во една суперурбана средина.  Затоа го создадовме „Скопје стрит фестивал 2013“ – подиум на урбана улична уметност.

Ќе бидат отворени 4 подиуми: графити, скејт, блејд, бајк, музички и едукативен, а мултиетничката толеранција на улиците во градот е идејата на која треба да се работи.

– Повеќе од 25 стрит артисти учествуваа во креирање на овој настан, преку идеи до реализација, и заедно успеавме да го поставиме подиумот на кој ќе се чуе гласот на скопските улици. На Скопје му треба тоа – велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top