| четврток, 6 декември 2018 |

Сакала брзо да вози и го одвезе Дражен Петровиќ во смрт- старите рани никако да заелчат!

После повеќе од 24 години од смртта на Дражен Петровиќ, повторно се вратија спомените на хрватскиот кошаркарски виртуоз. Петровиќ загина во сообраќајна несреќа, откако голфот во кој се возеше, се судри со камион.

Зад воланот на голфот била неговата тогашна девојка, Клара Саланци. Таа и сопатничката на задното седиште преживеаја, додека Дражен кој спиел на совозачкото седише, починал од силината на ударот.

Клара Саланци и Дражен биле на почетокот на врската. Нивната љубов и не била некоја голема, раскажува пријател на хрватската легенда. Сепак, Петровиќ тогаш донел одлука, која го чинела живот.Имено тој наместо со авион  решил да патува со автомобилот кој го возела неговата девојка, што беше кобно за неговиот живот.

И по речиси четврт век од несреќата, некогашната германска манекенка Клара, нема прозборено за несреќата. Таа сега е мажена за некогашниот германски фудбалски репрезентативец Оливер Бироф. Луѓе кои барем малку ја познавале Клара во тоа време, велат дека се фалела како сака да вози брзо.

-Се сеќавам дека се фалеше како сака брзо да вози. Имав впечаток дека таа единствено сака да биде со некоја ѕвезда, а Дражен и обрнувал внимание. Не беше тоа некоја голема љубов, но поради нејзе, Дражен реши да го смени планот, што не беше карактеристично за него – рекол Марио Миоциќ, кој бил пријател со Дражен, а имал можност да ја запознае и Клара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top