| четврток, 6 декември 2018 |

Педофил-повторувач осуден на 10 години затвор

pedofil

Скопјанец е осуден на 10 години затвор, денеска во Основниот суд Скопје 1, јави „Канал 5“.

Иван (28) се товареше дека нападнал 3 малолетни девојчиња во Скопје. Според обвинението, во првиот случај се обидел да изврши полов напад врз 11-годишно девојче кое го пресретнал на плоштадот „Македонија“. Ја однел во зграда во непосредна близина, но девојчето успеало да му побегне.

Во вториот случај повторно среде бел ден нападнал 10-годишно девојче во Карпош 4. Ја соблекувал и ја допирал. Девојчето пружило отпор и успеало да се ослободи од канџите на напаѓачот. Во третиот случај се товари за силување во обид. Во населбата Карпош 3 ја начекал жртвата и ставил рака на уста и ја турнал на земја, но девојчето успеало да побегне.

Но, ова не му била прва казна за полов напад врз малолетник, потврдуваат од судот. Адвокатот на семејствата на две од нападнатите девојчиња вели судот донел правична пресуда

На некој начин сум задоволен од одлуката и со тоа е остварена целата на законот и да се внимава во иднина на овие лица, бидејќи се работи за повратник кој еднаш е осуден на две години, казните биле многу мали, за исто кривично дело, излегол и пак сторил, значи со заострување на казните се дава цврста порака дека нема да се толерираат вакви обвинети и настани.

Името и презимето на скопјанецот кој претходно бил правосилно осуден го нема во регистарот на педофили. Па родителите кои живеат во негова близина не ни можеле да го проверат неговото минато. Но во неговото судско досие стои уште едно кривично дело загрозување со опасно орудие за што добил условна пресуда, потврдуваат од кривичен за Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top