| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува пеколот – наредните денови и потопло од 35 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса, до крајот на оваа седмица, како и во текот на наредната работна седмица, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и многу топло, соопшти УХМР.

Максималната температура на повеќето места ќе биде повисока од 30, а по Повардарието и од 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.

Повеќе услови за нестабилност има в сабота и в понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top