| четврток, 6 декември 2018 |

Закажано рочиште, Роналдо ќе се појави на суд на 31 јули

Кристијано Роналдо, кој во последно време е на бројни шпекулации околу тоа каде ќе игра во наредната сезона, сепак ќе мора да се појави пред шпанскиот суд поради обвинувањата за затајување на данок.

Како што пренесува познатото шпанско радио „Кадена“, фудбалерот на Реал Мадрид ќе биде сослушан од страна на судија на 31 јули, во 11.00 часот.

Португалецот, кој во моментот со својата репрезентација настапува на Купот на Конфедерации, сè уште нема заземено официјален став околу последните шпекулации поврзувани со неговото име. Инаку Роналдо се товари дека не платил данок во висина од 14,7 милиони евра, нешто што тој категорично го демантира.

Последните случувања со најдобриот светски фудбалер будно ги следат тимовите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед кои се подготвени да ги исполнат сите желби на Португалецот, само да го видат во своите редови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top