Специјализираниот кошаркарски магазин „Еурохупс“ објави дека раководството на Чикаго Булс му понудило на Милош Теодосиќ повеќегодишен договор за преселба во НБА лигата.
Според нивните сознанија тимот од „градот на ветриштата“ на Теодосиќ му понудил договор, кој е многу побогат од оној на ЦСКА, која со четири милиони евра по сезона сака да го продолжи договорот со Србинот.
Првата ѕвезда на Чикаго, Џими Батлер веќе побарал да биде заменет во Кливленд, па раководните луѓе на НБА тимот во името на Теодосиќ гледаат негова идеална замена.
Капитенот на ЦСКА Москва, оваа сезона во Евролигата бележеше просечни 16,1 поен и 6,8 асистенции. Со тимот од Москва беше поразен во полуфиналето на Ф4 од Олимпијакос, а без ниту еден пораз ја освои ВТБ лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.