| четврток, 6 декември 2018 |

„Иван се враќа дома“-прв фестивал на претстави од театарскиот режисер Иван Поповски

Во септември ќе се одржи првиот домашен фестивал на претстави од македонскиот театарски режисер Иван Поповски. Фестивалот „Иван се враќа дома“ е организиран од познатиот московски театар „Мастерскаја П. Фоменко“ и ќе се случува на сцената на МНТ од 16 до 23 септември 2017 година. Следната недела Иван Поповски ќе допатува во Македонија и ќе одржи прес-конференција по повод одржувањето на првиот фестивал од овој вид.

Во рамки на фестивалот „Иван се враќа дома”, ќе бидат прикажани три претстави во режија на Поповски – „Отровната туника“ од Николај Гумиљов (2002), „Алиса зад огледалото“ од Луис Керол (2010) и „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир (2015).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top