| четврток, 6 декември 2018 |

Модриќ пред истрага за лажно сведочење на суд

Лука Модриќ, капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, се наоѓа под истрага заради наводно лажното сведочење во корист на првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ.

Како што открива „Индекс“ хрватското обвинителство отвори истрага против хрватски државјанин, роден 1985, кој е под сомнение дека сведочел лажно што е кривично дело во оваа држава. Исто така, загрепскиот медиум додава дека Обвинителството смета дека Модриќ ја промени својата првична изјава и дека сега сведочеше во корист на Мамиќ, со кого како 14-годишно момче потпиша граѓански договор.

Инаку, Модриќ пред судот неочекувано ја промени својата изјава, а потоа одговараше со „не се сеќавам кога беше точно“, што наиде на жестоки критики кај хрватската јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top