
Британската полиција соопшти денеска дека при пожарот што минатата недела го зафати станбениот блок Гринфел Тауер во Лондон загинале или исчезнале 79 лица.
– Денеска, стравувам дека морам да кажам оти се верува дека 79 лица загинале или исчезнале, а за жал морам да претпоставам дека сите се загинати, изјави лондонскиот полициски командант Стјуарт Канди.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави синоќа дека пожарот бил предизвикан од „грешка и негрижа“.
Во опожарената 24-катница живееа 600 лица во 120 станови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


