| четврток, 6 декември 2018 |

Ограничувања за чамци и скутери по езерата

скутери на водаВладата и годинава донесе одлука за ограничување на пловидбата на чамци и скутери од 1 јули до 31 август во времетраење од 11 до 19 часот на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро. Оваа мерка е во насока на заштита на природната средина, подобрување на безбедноста во пловидбата, како и безбедноста на капачите во периодот на летната туристичка сезона.

За да се спречи рибокрадството, се ограничува и пловидбата со чамци од 1 јули до 31 август во времетраење од 21 до 5 часот секој ден, потоа од 1 септември до 31 октомври во времетраење од 19 часот до 6 часот секој ден, од 1 ноември до 31 март во времетраење од 17 часот до 6 часот секој ден и од 1 април до 30  јуни во времетраење од 19 до 6 часот секој ден.

Изоставени се чамците и скутерите наменети за инспекциски, царински и полициски надзор, како  и оние кои поседуваат концесија за стопански и рекреативен риболов и за превоз на патници.

Во наведениот период, Капетанијата на пристаништата во соработка со Министерството за внатрешни работи – Езерска полиција ќе врши редовни контроли.

Министерството за транспорт и врски апелира до сите граѓани да ја почитуваат одлуката со што ќе се придонесе за поголема безбедност, заштита на животната средина и подобар престој на туристите кои летуваат покрај езерата во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top