| четврток, 6 декември 2018 |

Познат идентитетот на удавениот охриѓанец кај Сараиште

Познат е идентитетот на удавеното лице во Охридско Eзеро, чиешто тело било пронајдено вчера кај Сараиште, објави „Охридњуз“.

– По извршениот увид на местото на настанот предводен од јавен обвинител  и полициски екипи, констатирано е дека удавеното лице е  Димитри А. (61) од Охрид. На безживотното тело не се забележани траги на насилство – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По  наредба на јавен обвинител, денеска, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Безживотното машко тело било забележано синоќа околу 17 часот и 50 минути, во водите на Охридско Езеро и се наоѓало на дното на езерото на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десетина  метри од езерскиот брег.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top