| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва претпоследен концерт на Филхармонија

Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи претпоследниот концерт во Концертната сезона 2012/13, на кој како солисти ќе настапат млади и надежни солисти, инструменталисти од државните музички училишта од Македонија.

Во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот, под диригентско водство на Ле Фи Фи како солисти ќе настапат: Тамара Коминовска (пијано), Александар Иванов (виолина), Инес Неделковска (пијано), Јован Јованов (кларинет), Демир Кантуровски (кларинет), Томе Костовски (пијано), Дамјан Каранфилов (баритон),Ени Вучидолова (виолина) и Анастасија Грговска (пијано)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top