Откривањето на копијата од пасошот на познатата јасновитка Баба Ванѓа го расветли еден од најголемите бугарски фалсификати што со децении бил чуван од тајните служби на соседна Бугарија.
Иако Бугарите долго време тврдеа дека Баба Ванѓа се изјаснувала како Бугарка, од пасошот на Баба Ванѓа јасно се гледа дека таа, иако живеела во Бугарија, по националност се изјаснила како Македонка.
Баба Ванѓа (Вангелија Пандева Гуштерова) е родена во 1911 година во Ново Село, Струмичко.
Како дете на 12 години била жртва на силна бура, кога силен ветер ја кренал од земја и ја однел далеку од местото каде што стоела. По долга потрага, соселаните ја нашле затрупана со песок и со камења во една нива. По овој настан Вангелија го губи видот и почнуваат нејзините предвидувања, со кои ќе стане позната не само на Балканот, туку и во целиот свет.
Подоцна таа се омажила и се преселила во регионот Рупите (Петричко), Пиринска Македонија. Пиринска Македонија по Балканските војни е во составот на Бугарија и затоа баба Ванѓа имала бугарски пасош, но, како што се гледа од пасошот, таа останала Македонка до крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.