| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени странски разузнавачи кои поттикнувале демонстрации во Турција

Четворица странски државјани се уапсени во Турција под сомневање дека биле дел од организацијата на масовните демонстрации, пишува турскиот весник „Заман“.

Според полицијата, странците биле уапсени пред палатата Долмабахче во Истанбул во вторникот вечерта додека наводно се обидувале да го организираат текот на протестите. Кога им биле побарани документи за идентификација, покажале дипломатски пасоши од различни земји. Четворицата биле приведени на испитување во директоратот за безбедност во Истанбул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top