Во текот на ноќта од север ќе почне да навлегува влажна и постудена воздушна маса проследена со сè посилен северен ветер. Во претпладневните часови во северните делови, а потоа и најмногу вдолж Повардарието, северниот ветер повремено ќе засилува и ќе биде проследен и со појава на повремен пороен краткотраен дожд и со појава на грмежи.
Утре преку денот времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд и со ретки грмежи, кои ќе се пообилни во западните делови и на крајниот исток.
Во вториот ден од викендот ќе продолжи да дува повремено засилениот северен ветер и со умерената облачност ќе има и појава на повремен послаб дожд почест на север и на исток.
Овој влажен бран ќе ги спушти дневните температури во сабота и во недела, а во деновите потоа температурата ќе биде во пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.