| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Гостивар злоупотребила два милиона денари за пластична боја, која веќе не постои

Општина Гостивар злоупотребила два милиона денари за обележување на патиштата со пластична боја, која веќе не постои – објави  „Фол“.

Операторот што го потпишал договор бил должен да обезбеди акрилна боја со висок квалитет, да има висока еластичност и отпорност на атмосферските услови и временски рок за квалитет во времетраење од една година. Додека, пак, животниот век на пластичната боја е во времетраење од пет години.

Покрај патните површини, требало да се направи и обележување на автомобилските паркинзи, паркинзите за лица со посебни потреби и друго. Требало да се направи и обележувањето на шест автобуски станици, 40 паркинг-места за такси-возила, обележување на 12 велосипедски патеки, како и обележување на шест локации што означуваат опасност за децата во сообраќајот. Од ова веќе ништо не постои.

Граѓаните гледаат дека веќе не постои таа пластична боја? Што се случи со тендерот? Оваа акција општина Гостивар ја чинеше повеќе од два милиона денари! Кој ќе полага сметка за ова?

Денес гледаме  дека Општината рекламира обележување на патиштата со обична боја! До кога ќе се злоупотребува буџетот на општината од Невзат Бејта и неговиот клан?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top