| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел сака кампови на македонска територија

Ни­ту срам ни­ту пер­де не се оче­ку­ва од Бри­сел ко­га се во пра­ша­ње нив­ни­те „по­ви­со­ки“ ин­те­ре­си на ште­та на Ма­ке­до­ни­ја. Ре­чи­си исто­вре­ме­но со јав­но­то три­е­ње­ од нос на За­ев де­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја од не­го оче­ку­ва нај­ско­ро да ис­по­ра­ча сме­на на др­жав­но­то име и рас­пре­дел­ба на ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си по со­се­ди­те, Ди­ми­трис Авра­мо­пу­лос, грч­ки­от евро­ко­ме­сар што прет­ход­но ја пред­во­де­ше грч­ка­та ар­ми­ја во пес­ни­те за „пи­е­ње ма­ке­дон­ска крв“, по­со­чи де­ка на­ско­ро ќе по­ба­ра Скоп­је да сме­сту­ва ми­гран­ти. Но, дру­го и не мо­же да се оче­ку­ва, ко­га во Ма­ке­до­ни­ја на си­ла ин­ста­ли­раа власт што ќе им ис­пол­ни сѐ, а за воз­врат ќе до­бие ни­што

Дој­де и тој оче­ку­ван мо­мент, ко­га ЕУ без ни­ка­ква сте­га ќе се пот­пре на Ма­ке­до­ни­ја да би­де ло­гор од ка­де што во ид­ни­на ќе ги цр­пи ре­сур­си­те со по­треб­на­та ра­бот­на си­ла. Се­ка­ко тоа не­ма да се Ма­ке­дон­ци­те ка­ко рам­но­прав­ни гра­ѓа­ни во Уни­ја­та, ту­ку од ми­грант­ски­от нап­лив што се­га (ќе) се оче­ку­ва да би­де сме­стен во Ма­ке­до­ни­ја. И тоа, спо­ред про­це­ни­те, би би­ле дел од сто­те ил­ја­ди бе­гал­ци од раз­о­ре­ни­от бли­ско­и­сто­чен ре­ги­он, дел од нив ве­ќе во Гр­ци­ја, а дел се оче­ку­ва­ат.

Ди­ми­трис Авра­мо­пу­лос, кој пред да би­де евро­ко­ме­сар, ка­ко ми­ни­стер за од­бра­на не­ма­ше проб­лем со тоа што грч­ки­те вој­ни­ци пе­ат де­ка ќе пи­јат ма­ке­дон­ска крв и од нив­на­та ко­жа ќе пра­ват чиз­ми, се­га оче­ку­ва но­ва­та „ре­форм­ска“ власт во Скоп­је да при­фа­ти сме­сту­ва­ње на ми­гран­ти­те на по­долг рок. Всуш­ност, ре­форм­ско­то што Авра­мо­пу­лос го пре­поз­на­ва е про­ме­на на кру­ти­от став во Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја до­се­га ја др­же­ше власт што цвр­сто га­зе­ше по зем­ја, де­ка зем­ја­та не­ма ка­па­ци­тет, ни­ту, пак, мо­же да го из­др­жи та­кви­от при­ти­сок – и еко­ном­ски и без­бед­нос­но.

За по­тсе­ту­ва­ње, го­лем при­до­нес во оваа „ре­форм­ска“ власт има­ат и де­ло­ви од Со­ро­со­ва­та ар­ми­ја, ко­ја со си­те си­ли се тру­де­ше да ги ур­не фи­зич­ки­те преч­ки за ми­гран­ти­те. Исти­те тие со­ра­бо­ту­ваа со вмет­на­ти со­и­гра­чи од европ­ски­от Со­ро­сов ка­ли­фат од грч­ка стра­на. Ги учеа ми­гран­ти­те ка­ко не­ле­гал­но да ја ми­ну­ва­ат гра­ни­ца­та, им де­леа ис­цр­та­ни ма­пи, ги во­деа пре­ку ре­ки – при што беа од­не­се­ни и чо­веч­ки жи­во­ти, ги учеа ка­ко да се ур­не огра­да­та, ка­ко да ја ис­цр­пу­ва­ат по­ли­ци­ја­та, ко­ја во исто вре­ме се со­о­чу­ва­ше и со на­силс­тва­та во Скоп­је. 16 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции ла­ни во март ба­раа од др­жа­ва­та ит­но „пре­ки­ну­ва­ње на се­гре­га­ци­ска­та и ди­скри­ми­на­тор­ска пра­кти­ка што ги спре­чу­ва лу­ѓе­то да ба­ра­ат азил“. Тоа се исти­те ор­га­ни­за­ции што од евро­ко­ме­са­рот Хан на­пис­ме­но ба­раа од­ло­жу­ва­ње на из­бо­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја, а за цел­та на од­ло­жу­ва­ње­то се­га е не­по­треб­но да се збо­ру­ва. Се­га иста­та таа „ар­ми­ја“ е дел од акту­ел­на­та власт во Ма­ке­до­ни­ја, па Авра­мо­пу­лос со пра­во мо­же да се на­де­ва на под­др­шка. Иа­ко др­жа­ва­та се со­о­чу­ва­ше со ми­грант­ски­те бра­но­ви на на­чин што офи­ци­јал­но бе­ше поз­дра­ву­ван, и тоа во вре­ме на по­ли­тич­ка кри­за со без­бед­нос­ни пре­диз­ви­ци, нај­а­ву­ва­на­та европ­ска по­мош ни­ко­гаш не стиг­на до крај­ни­те гра­ни­ци, освен би­ла­те­рал­на­та со­ра­бо­тка со дел од по­ли­ци­и­те од за­сег­на­ти­те др­жа­ви по дол­жи­на­та на „бал­кан­ска­та мар­шру­та“. Се­га, исти­те тие европ­ски др­жа­ви се ис­пра­ве­ни пред пре­диз­ви­кот да би­дат су­де­ни би­деј­ќи не ја при­фа­ќа­ат на­мет­на­та­та по­ли­ти­ка за спо­де­лу­ва­ње на ми­гран­ти­те.

Ко­ле­шка­та на Авра­мо­пу­лос, Фе­де­ри­ка Мо­ге­ри­ни, пред не­кол­ку ме­се­ци од Ита­ли­ја по­ра­ча де­ка „Евро­па има по­тре­ба од ми­гран­ти­те за сво­ја­та еко­но­ми­ја“ би­деј­ќи „на­се­ле­ни­е­то на ЕУ ста­рее и зем­ји­те-член­ки има­ат по­тре­ба од ра­бот­на си­ла“. Но, над тој проб­лем леб­ди пра­ша­ње­то зо­што ЕУ, а, пред сѐ, Гер­ма­ни­ја не го ор­га­ни­зи­ра­ат тоа „по­пол­ну­ва­ње“ на ху­ман на­чин, ту­ку оста­ва­ат ми­грант­ска тр­ка до истре­бу­ва­ње? Во це­ла­та при­каз­на нај­страш­но е што и но­си­те­ли­те на од­лу­ки­те не­ма­ат ни­ка­ков по­чит кон жел­би­те на ми­гран­ти­те. На си­ла про­те­ра­ни од сво­и­те до­мо­ви, се­га, исто та­ка, на си­ла, им се на­мет­ну­ва ка­де би би­ле сме­сте­ни, ве­ро­јат­но, за­се­ко­гаш. Ни­ту ми­гран­ти­те ќе би­дат за­до­вол­ни што се сме­сте­ни во не­кои др­жа­ви во Евро­па, ни­ту, пак, тие оп­штес­тва ќе го сме­нат од­но­сот кон нив. Са­мо за илу­стра­ци­ја, до­вол­но сил­но е вре­жа­но од­не­су­ва­ње­то на ун­гар­ска­та те­ле­ви­зи­ска еки­па кон ми­гран­ти­те, или, пак, од­но­сот на бу­гар­ски­те лов­ци. По тоа да се оче­ку­ва нор­мал­на ин­те­гра­ци­ја е ре­чи­си не­чув­стви­тел­но.

 

Ин­фи­ци­ра­ње

Тоа што Авра­мо­пу­лос не по­твр­ду­ва да­ли во Де­мир Ка­пи­ја во Ма­ке­до­ни­ја се гра­ди го­лем европ­ски бе­гал­ски камп за по­ве­ќе ил­ја­ди бе­гал­ци, не зна­чи де­ка не е поч­на­то спро­ве­ду­ва­ње­то на тој план. Со­ро­со­ва­та ар­ми­ја во Ма­ке­до­ни­ја го но­си про­е­ктот на ра­ме­на, до­де­ка те­чат раз­ни отво­ре­ни ог­ла­си за фи­нан­си­ра­ње ор­га­ни­за­ции за под­др­шка на ми­гран­ти­те, но и за ме­ди­ум­ска по­ткре­па за соз­да­ва­ње рас­по­ло­же­ние за тоа. Се­то тоа не е без по­ткре­па од над­вор. Пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ѓи Ива­нов кон кра­јот на ми­на­та­та го­ди­на од Со­фи­ја пре­ду­пре­ди де­ка ми­грант­ска­та кри­за до­пр­ва поч­ну­ва, со 20 до 30 ми­ли­о­ни по­тен­ци­јал­ни ми­гран­ти во не­по­сред­на бли­зи­на на над­во­реш­ни­те гра­ни­ци на Евро­па. Збо­ру­вај­ќи по којз­нае кој пат за не­со­ра­бо­тка­та ме­ѓу ин­сти­ту­ци­и­те, Ива­нов пре­ду­пре­ди на кон­тро­ла на ко­ри­до­ри­те пре­ку кои се пре­фр­ла­ат ми­гран­ти­те, но и за кон­тро­ла врз сло­бод­но­то дви­же­ње на ми­гран­ти­те што ве­ќе се во шен­ген­ска­та те­ри­то­ри­ја.

Но, ка­ко е воз­мож­на кон­тро­ла ако зад ку­ли­си­те на со­ра­бо­тка и ин­сти­ту­ци­о­нал­ни­от за­ед­нич­ки при­стап стои ор­га­ни­зи­ра­на гру­па од Со­ро­со­ви­от ка­ли­фат, ко­ја ги бај­па­си­ра за­штит­ни­те мер­ки на ЕУ и на др­жа­ви­те? Истра­ги­те на ита­ли­јан­ски­те вла­сти и на дру­ги откри­ле де­ка нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции актив­но фи­нан­си­ра­ат при­ват­ни бро­до­ви за шверц на де­се­ти­ци ил­ја­ди иле­гал­ни бе­гал­ци од Се­вер­на Афри­ка во ЕУ. Глав­ни­от об­ви­ни­тел на Си­ци­ли­ја по­со­чи „аб­нор­ма­лен“ из­нос на средс­тва за из­нај­му­ва­ње бро­до­ви од нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, кои се фи­нан­си­ра­ни, по­го­ду­ва­те, од Со­ро­со­ва­та фон­да­ци­ја, а кои со­ра­бо­ту­ва­ле со швер­цер­ски­те бан­ди.

Се­то тоа по­втор­но нѐ вра­ќа на ста­ри­от план од октом­ври 2015 го­ди­на, ко­га пре­тсе­да­те­лот на ЕК, Жан Клод Јун­кер „спа­ку­ва“ 100.000 ми­гран­ти за За­па­ден Бал­кан, со та­ка­на­ре­че­ни „же­шки точ­ки“. За тоа на др­жа­ви­те ќе им по­ма­га УНХЦР. Са­мо еден ме­сец по­тоа, ми­си­ја­та на УНХЦР во Ма­ке­до­ни­ја откри­ва де­ка ка­ко ло­ка­ции за згри­жу­ва­ње на 6.000 се­мејс­тва или 30.000 бе­гал­ци на по­долг пер­и­од ги гле­да Ге­вге­ли­ја, Стру­ми­ца, Не­го­ти­но, Пе­тро­вец – Кат­ла­но­во, ку­ма­нов­ско Чер­ке­зи и Та­ба­нов­це. От­то­гаш др­жа­ва­та оста­на на цвр­сти­от став де­ка не е мож­но сме­сту­ва­ње­то на ми­гран­ти­те што до­а­ѓа­ат на те­ри­то­ри­ја на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја од зем­ја-член­ка на Европ­ска­та уни­ја, кој го по­вто­ри и во март го­ди­на­ва. Се­пак, ве­ќе во ју­ни Ме­ѓу­на­род­на­та ор­га­ни­за­ци­ја за ми­гра­ции (ИОМ) поч­ну­ва со ре­кон­струк­ци­ја на на­пу­ште­ни­от об­јект на Спе­ци­јал­ни­от за­вод „Де­мир Ка­пи­ја“. Иа­ко ор­га­ни­за­ци­ја­та, дел од ОН, вло­жу­ва па­ри за ре­кон­струк­ци­ја, не откри­ва ко­ја ќе би­де не­го­ва­та на­ме­на, иа­ко на­ве­ду­ва де­ка тој одам­на е над­вор од упо­тре­ба.

Ма­ке­до­ни­ја има при­фат­ни об­је­кти за ва­кви со­стој­би, ка­ко тој во Виз­бе­го­во, гра­ден со за­ед­нич­ки па­ри со ЕК, со што пред де­се­ти­на го­ди­ни бе­ше при­мер за под­го­тве­ност, но тие ка­па­ци­те­ти ни­ту од да­ле­ку не се до­вол­ни за тоа што се под­го­тву­ва. Де­ка ста­ну­ва збор за пла­ни­ра­на ак­ци­ја за сме­сту­ва­ње на бе­гал­ци на по­долг пер­и­од ука­жу­ва и фа­ктот де­ка ме­ѓу пр­ви­те ло­ка­ции за при­фа­тен цен­тар со поч­ну­ва­ње на кри­за­та бе­ше Та­ба­нов­це, од­нос­но, што по­да­ле­ку од европ­ска­та гра­ни­ца. При­тоа, не смее да се за­бо­ра­ви де­ка Ма­ке­до­ни­ја е „ин­фи­ци­ра­на“ на оваа ру­та, ток­му од зем­ја-член­ка на ЕУ.

Спо­ред не­кои ана­ли­ти­ча­ри, пла­нот што се ко­ве по­дол­го вре­ме во зад­ни­на на овој Со­ро­сов екс­пе­ри­мент е да се „ин­фи­ци­ра“ це­ли­от овој ре­ги­он над­вор од гра­ни­ци­те на ЕУ со на­се­лу­ва­ње ту­ѓи кул­ту­ри, пред сѐ, бли­ско­и­сточ­ни и афри­кан­ски, би­деј­ќи од цел кон­ти­нент са­мо овој дел од Бал­ка­нот оста­ну­ва „не­до­прен“ од ими­гра­ци­ја. По­точ­но, ре­ги­о­нот би слу­жел ка­ко ре­гру­тен цен­тар за по­треб­на­та ра­бот­на си­ла на раз­ви­е­ни­от за­пад, а при­тоа со мно­гу по­мал­ку средс­тва би се од­ви­ва­ла по­треб­на­та еду­ка­ци­ја и прис­по­со­бу­ва­ње на „не­по­жел­ни­те“ бе­гал­ци за раз­ви­е­ни­от за­пад на Евро­па. Ва­кви­те идеи и прет­ход­но ја имаа под­др­шка­та кај ле­ви­чар­ски­те и кај со­ци­јал­де­мо­крат­ски­те ана­ли­ти­ча­ри, кои ја за­ста­пу­ваа те­за­та де­ка Ма­ке­до­ни­ја тре­ба са­ма да по­ба­ра бе­гал­ски кам­по­ви на сво­ја те­ри­то­ри­ја, да го иско­ри­сти мо­мен­тот и да по­ен­ти­ра кај ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Ма­ке­до­ни­ја, се­пак, по­ен­ти­ра­ше ко­га во­ве­де ред на дви­же­ње на ми­гран­ти­те и оста­на на при­вре­ме­ни­от тран­зи­тен ка­па­ци­тет за 2.000 ли­ца, за што не до­би ни про­цент од ве­ту­ва­ни­те па­ри. Да­ли ќе по­ен­ти­ра со кам­по­ви­те е пра­ша­ње што не мо­же да се ме­ри без фа­кто­рот без­бед­ност.

 

На­ци­о­нал­на без­бед­ност

Без на­ши­ро­ко да се об­јас­ну­ва без­бед­нос­ни­от ри­зик што сам по се­бе зна­чи ими­гра­ци­ја­та, ва­ква ин­тер­вен­ци­ја со вдо­му­ва­ње на не­кол­ку де­се­ти­ци ил­ја­ди бе­гал­ци во Ма­ке­до­ни­ја отво­ра не­кол­ку се­ри­оз­ни пра­ша­ња. Ма­ке­до­ни­ја е во син­џи­рот со Ко­со­во и со Ал­ба­ни­ја ко­га е во пра­ша­ње проб­ле­мот со џи­ха­ди­стич­ки­те по­врат­ни­ци, кои не ре­тко во овој долг фра­ги­лен по­ли­тич­ки пер­и­од за ре­ги­о­нот лес­но по­сег­ну­ва­ат по оруж­је. Се­ри­ја­та те­ро­ри­стич­ки на­па­ди во ЕУ, пак, по­ка­жа де­ка се из­вр­ше­ни од ли­ца што ми­на­ле низ Ма­ке­до­ни­ја по таа бал­кан­ска мар­шру­та, а на­та­мош­но­то евен­ту­ал­но до­се­лу­ва­ње ту­ка са­мо би мо­же­ло да ја за­си­ли та­ква­та џи­ха­ди­стич­ка спре­га во раз­лич­ни кри­ми­нал­ни ор­га­ни­за­ции.

Вто­ро пра­ша­ње е ка­ко еден ва­ков че­кор би вли­ја­ел на по­долг рок на ме­ѓу­ет­нич­ки план. Ма­ке­до­ни­ја е др­жа­ва во ко­ја се пре­скок­на цел цик­лус во спро­ве­ду­ва­ње по­пис зна­еј­ќи ка­кво вли­ја­ние врз оп­штес­тво­то има про­цен­ту­ал­на­та за­ста­пе­ност на ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци. Имај­ќи ги пред­вид пос­ле­ди­ци­те и нас­ледс­тво­то од бе­гал­ска­та кри­за од Ко­со­во, кои до­вол­но е што по­сто­јат ка­ко ре­дов­на те­шка те­ма во јав­но­ста, ка­ко ли би вли­ја­е­ло на­ру­шу­ва­ње на овој те­шко здо­би­ен рам­ко­вен „ба­ланс“ со но­ви де­се­ти­ци ил­ја­ди мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние на по­долг рок?

Тре­ти­от без­бед­но­сен мо­мент, се­пак, е нај­го­лем, а е по­вр­зан со еко­ном­ска­та со­стој­ба. Гер­ман­ска­та ма­те­ма­ти­ка за тоа кол­ку др­жа­ва­та ја чи­ни еден бе­га­лец, а при­тоа имај­ќи го пред­вид пла­нот за „ин­фи­ци­ра­ње“, за Ма­ке­до­ни­ја би зна­че­ло уште но­ви де­се­ти­ци ил­ја­ди не­вра­бо­те­ни, а тоа, се­ка­ко, би прет­ста­ву­ва­ло со­лид­на ос­но­ва за но­ви со­ци­јал­ни су­ди­ри и го­ле­ми те­шко­тии во ме­ѓу­себ­но­то при­фа­ќа­ње. Иа­ко на по­че­то­кот се ве­ту­ва­ат па­ри и по­мош, та­кви­те средс­тва сѐ по­те­шко стиг­ну­ва­ат. Ма­ке­до­ни­ја во сво­ја­та ку­са не­за­вис­на исто­ри­ја во не­кол­ку на­вра­ти има искус­тво со ми­грант­ски бра­но­ви и се­ко­гаш са­ма си го но­се­ла то­ва­рот.

Пос­лед­ни­от без­бед­но­сен мо­мент што са­мо до­пол­ни­тел­но ќе ја искомп­ли­ку­ва ре­ла­ци­ја­та Скоп­је – Бри­сел е фа­ктот што Ма­ке­до­ни­ја ни­ту е, ни­ту не­ко­гаш ќе би­де по­са­ку­ва­на крај­на де­сти­на­ци­ја на ми­гран­ти­те. Тие во се­кој мо­мент ќе би­дат под­го­тве­ни да трг­нат кон Гер­ма­ни­ја, Швед­ска, Дан­ска… Тоа са­мо ќе соз­да­ва по­сто­ја­ни искри со без­бед­нос­ни­те служ­би; по­на­та­му Ма­ке­до­ни­ја на долг рок ќе ја вра­ми во син­џи­рот на шверц на лу­ѓе и, ни­што по­не­из­вес­но, во зем­ји­те што се из­воз­нич­ки на те­ро­ри­зам. Ако не­кол­ку ром­ски се­мејс­тва го за­па­ли­ја Бри­сел да се за­ка­ни де­ка ќе ја спу­шти рам­па­та на виз­на­та ли­бе­ра­ли­за­ци­ја, што ли би пре­диз­ви­кал евен­ту­а­лен слу­чај на пре­бе­ган те­ро­рист од Ма­ке­до­ни­ја?

Гри­жа­та за ближ­ни­от, за чо­ве­кот, ху­ма­но­ста, не е ту­ѓа за Ма­ке­до­не­цот, кој и са­ми­от по­ми­нал низ ег­зо­ду­си, про­те­ру­ва­ња, на­силс­тва, бил жр­тва на те­рор, не­прав­да и на не­зас­лу­же­ни стра­да­ња. Ма­ке­до­ни­ја и до­се­га на­пра­ви мно­гу по­ве­ќе од тоа што ре­ал­но е неј­зи­на ви­стин­ска моќ. Оде­ње­то над тоа, по­пу­шта­ње­то пред ин­си­сти­ра­ње­то, или, пак, во­де­ње­то од иде­ја­та де­ка та­ка ќе се при­до­бие бла­го­нак­ло­ност од Бри­сел е са­мо не­по­треб­но са­мо­за­ла­жу­ва­ње. Ко­неч­но, зло­у­по­тре­бу­ва­ње ту­ѓа не­сре­ќа ни­ко­гаш не­ма да до­не­се ни­што до­бро. Нај­мал­ку за Ма­ке­до­ни­ја.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 249. број на неделникот „Република“, 9.6.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top