Маријам е една од жртвите на пожарот во 24-катниот блок во Лондон, кој изгоре. Се уште не се знае точниот број на загинатите, но се претпоставува дека тие се стотици! Младата менаџерка Маријам останала како затвореник во својот стан на 19-от кат во пожарот.Таа знаела дека смртта и се наближува. Испратила многу тажна порака до своите најблиски.
Откако видела дека нема да може да се спаси, таа на пријателите им ја напишала својата последна смс порака:Простете ми, огнот е веќе тука. Умирам … ! Од тој момент никој не може да се поврзе со неа преку телефон. Заедно со неа била и нејзината мајка Сухарто.
Според лондонската полиција до овој момент бројот на жртвите е 12. Пожарникарите, сепак, се уште не успеале да влезат во сите станови во блокот и се претпоставува дека жртвите ќе бидат стотици. Досега нема податоци дека некој од горните катови го преживеал огнениот пекол. Најмалку 300 лица живееле во становите и во моментов се трага по нив.
Друга млада девојка успева да остане на Твитер во директен пренос на она што се случува, додека блокот гори. Десетици граѓани ги следат нејзините зборови со тежок здив.
-Ќе умрам тука- пренесувала таа очајно, но конечно успеала да се спаси и веднаш напишала: веќе сум надвор, не плашете се, но во еден момент мислев дека ќе умрам!
37-годишниот Мајкл успева исто да се спаси заедно со ќерката. Тој одбил да ги слуша наредбите да остане во својот стан.
-Ме разбуди силен мирис на изгорена пластика, влегов во една од собите и слушнав како некој вреска одоздола. Ја грабнав ќерка ми и избегав надвор. Ако останевме внатре, ќе се задушевме од димот на прегорената изолација, тоа е исто како да го завиткате човек во памук и да го запалите – изјавил тој за Дејли мејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.