„Директна линија“, петнаесетта по ред традиционална годишна емисија во која претседателот на Русија, Владимир Путин во живо одговара на прашањата на граѓаните од цела Русија и од странство, завршена е по нешто повеќе од четири часа.
На Путин поставувани му се различни прашања од областа на политиката, економијата, инфраструктурата, правосудството, меѓународните односи, војните прашања, но гледачите сакале да знаат и некои детали од неговиот приватен живот.
-Моите ќерки, и покрај гласините, живеат овде, во Москва, во Русија. Живеат нормално. Моите ќерки се занимаваат со наука и образование, не политика. Имам внуци кои одат во градинка. Не сакам да растат како принцови, туку како обични луѓе, да имаат обичен живот. Ако ги кажам нивните имиња, веднаш би биле идентификувани. Ве молам разберете ме-рекол Путин и додал дека неодамна го добил второто внуче.
Претседателот на Русија раскажал дека со задоволство слуша шеги за себе, но не ги помни, дека никогаш не прочитал книга која е напишана за него, но и дека сака да лови риба и дека најголемиот улов му бил 20 килограми риба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.