| четврток, 6 декември 2018 |

Му кажа „Да“ под вода: Никола ја запроси Наташа во Охридското езеро

Она што требаше да биде обично нуркање во Заливот на коските во Охрид, охриѓанката Наташа ќе го помни цел живот, пишува Охридпрес.

– Никола сакаше на уникатен начин да ја запроси девојката со која долго време е заедно, па ме контактираше да организираме нешто. Му реков само да испечати банерче и да го земе прстенот. Му кажав, другото остави ми го мене. Дојдоа и сите знаевме за настанот освен Наташа. Малку им дадов вовед во нуркањето и заедно со тимот од „Амфора“ влеговме кај Музејот на вода каде тој ја запроси под вода. Се` беше во најдобар ред и како што очекувавме, со многу искрени емоции, изјавил за локалниот портал меѓународниот нуркачки инструктор од клубот „Амфора“ Јован Секулоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top