Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов гостува на Денови на сатирата во Загреб на 18 јуни со почеток во 20 часот на големата сцена во Хрватско народно казалиште.
На 2 јуни оваа година се отвори 41-то издание Денови на сатирата Фидел Хаџиќ во организација и реализација на сатиричниот театар „Керемпух“. Овој познат фестивал кој секогаш бил многу посетен и се темели на претстави со висок жанровски и стилски распон, со моќна присутност на хрватски автори и авторски проекти.
Од вкупно 47 пријавени претстави, селекторите се одлучија за 15 наслови/претстави кои ја сочинуваат овогодинешната програмата, составена од дела на современи автори и авторски проекти, но застапени се и адаптации на класиците. Во селективната програма е и МНТ со „Животот е прекрасен“ во режија на Морфов која настапува на 18 јуни со почеток во 20 часот на големата сцена во Хрватско народно казалиште.
– Времето ја обликува сатирата и го одредува времето каде настанала/формирала, таа ги шири границите и поставува непријатни прашања, и таа е место каде за Деновите на сатира се среќаваме и театарски ги прегледуваме проблемите кои не мачат“ кажа комисијата. Гледајќи ги пријавените претстави комисијата создала релевантна слика за тоа што се случува на хрватската сцена и сцената на театрите во регионот, затоа селектирала 15 претстави. Она што оваа година е новитет е присутноста на политичката сатира, но не само тоа, авторите на претставите овој пат одбрале современи текстови, а тоа би бил еден заеднички именител на овие Денови на сатира – изјави селекторката на фестивалот Жељка Удовиќ – Плештина.
Во програмата на 41-то издание Денови на сатарата ќе бидат одиграни шест хрватски претстави, три словенечки, две од Србија, една од Македонија, Германија и Црна Гора, а една од претставите е српско-црногорско-унгарска копродукција.
Автори на претставите се: Семуел Бекет, Ричард Беан, Бобан Скерлиќ, Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мате Матишиќ, Арпад Шилинг, Иван Видиќ, а режисерски ги потпишуваат Саша Божиќ, Винко Брешан, Јануз Кица, Кокан Младеновиќ, Милан Нешковиќ, Вито Тауфер, Игор Вук Торбица.
Организаторите на фестивалот очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници, затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фидел Хаџиќ“, а оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во „Вечерњи лист“, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.
Душко Љуштина, директорот на сатиричниот театар „Керемпух“, изјави дека од далечната 1976 година, секоја наредна година, претставите на најдобар можен начин ја промовираат сатирично-комедиографската литература.
– Фестивалот оваа година е три пати поскап, па тоа веројатно значи дека е најдобар до сега – изјави Љуштина.
Освен во „Керемпух“, програмата Денови на сатира ќе се реализира и во Хрватско народно казалиште и во Казалиште за млади, Загреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“