Струшките противпожарни екипи и локалното население од претпладнево водат битка со пожарот кој се појави во депонијата во Струга. Пожарот почнал денеска претпладнето. Засега не е позната причината за пожарот.
Поради ветерот пожарот се шири по должина на депонијата. Густиот чад веќе започнал да им прави проблеми на жителите на околните села.
Според првичните најави, екипите се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.