| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштва од Лондон: Мајка бегала од 21. кат со своите шест деца, на излезот останала само со четири

Мајка на шест деца успеала да избега од 21. кат во големиот пожар која ја зафати Гринфел кулата синоќа во еден часот по полноќ во Лондон, но кога стигнала на скалите на приземјето, со неа имало само четири од децата. Вечерта таа во прифатниот центар каде ги сместиле станарите избезумена ги барала останатите две во надеж дека се живи, сведочи жител на зградата за BBC радио 4, пренесе Британски Мирор.

Мајкл Парамасен, кој живеел на седмиот кат во кулата која ноќеска изгоре, раскажал за ужасите кои ги видел додека брзал да се спаси од големиот пожар.

– Огромен број на луѓе се спасуваа надолу по скалите. Беше ужасно. Кога го почувствував силниот мирис и чадот, за малку не паднав во несвест, раскажл Мајкл.

Тој со својата девојка успеала да се спасат од пожарот, а при излегувањето успеале и да и помогнат на една мало девојче кое излегло од еден од становите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top