| четврток, 6 декември 2018 |

Студен туш од Брисел за Заев: Граѓаните бараат членство, а не само најави за НАТО и ЕУ

Зоран Заев им вети на граѓаните брзо членствово ЕУ и НАТО, без притоа да се задира во идентитетските прашања, без штетни договори на штета на македонскиот народ и држава. Целта на патувањето на Зоран Заев во Брисел се сведе само на одмрзнување на препораката за отпочнување на преговорите за членство.

Република Македонија под водство на ВМРО-ДПМНЕ осум години по ред добиваше позитивна препорака заотпочнување на преговорите, но поради политичката криза што ја предизвика СДС таа во последните 2 години беше условена. Граѓаните очекуваат ветувањата за време на кампањата да бидат исполнети, а не да се сведат на нешто што е веќе сработено. Граѓаните на Македонија бараат резултати а не само најави за зачленување во НАТО и ЕУ. Грчките црвени линии на сите им се познати но тоа не треба да го обесхрабрува СДС, но и притоа не треба да се помислува на продавање на националните интереси. Влезот на Македонија во НАТО под привремената референца БЈРМ практично не е можна.

На инсистирање на новинарки прашања дали ваквото сценарио е можно Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го искажа познатиот став на НАТО уште од самитот на Букурешт од 2008 година:

–  НАТО не може да каже како ќе биде прифатливото решение за името што го имаат Македонија и Грција. Ако Атина се согласи Македонија да влезе со привремената референца тогаш НАТО не би имал ништо против земјата да стане нова членка на Алијансата.

И Јоханес Хан е иста линија со Столтенберг. Според Хан потребна е согласност од сите земји членки на унијата вклучително и Грција. Тој апелира на решение и дека не може земјата да оди напред со некакви привремени договори

Овие изјави не му одат во прилог на Заев кој и покрај целиот оптимизам ваквите ставови од ЕУ и НАТО дојдоа како студен туш и отрезнување во врска со неговите намери за брз примем во евро-атланските структури. Во изјавата на отворената програма на МТВ, Заев не го криеше неговиот оптимизам за влез во НАТО па дури и најви дека таа вест ќе ја соопштел Генералниот секретар лично кога ќе дојде во посета на Македонија

Откако станаа јасни ставовите на ЕУ и НАТО се поставува прашањето како Заев планира да ја внесе Македонија во евро-атланските институции. Имено вчера вицепремирерот Радмила Шеќеринска спротивно на тоа што го ветуваа за време на изборите за брз влез на Македонија во ЕУ и НАТО најави дека Заев ќе ја посети Софија додека Димитров, Атина. Па оттука е нејасно која е целта на овие посети ако веќе се знаат нивните ставови во врска со Македонија. Какви предлози ќе однесат Заев и Димитров и какви прашања ќе отворат тоа никој не го знае ниту го соопштува.

На новинарско прашање дека без согласност за промена на името потенцирано и од генералниот секретар на НАТО нема влез на Македонија во Алијанската, Шекеринска рече ако тие ги спроведат реформите што ги бараат тогаш и ЕУ би имала обврска да ни помогне. Оваа изјава на вицепремиерот е нејасна и конфизна со оглед дека ставовите на Хан и на Столтенберг беа кристално јасни. Атина мора да даде согласност за ваш влез во евро-атланските структури.

И странскиот печат излегува со вест дека земјава е подготвена да го промени името.

Владата на Република Македонија која што се наоѓа на југоистокот на Европа изгледа е подготвена да го реши спорот за името кој се влече 20 години, пишува германскиот весник „Тагесцајтунг“ во своето денешно онлајн издание.

Слични наслови и во медиумите од просторот:

Дали конечно ќе дојде до виткање на кичмата и до промена на името на државата или во прашање е нешто друго ако се знае изјавата од пред неколку дена на грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас кој јасно кажа кои се црвените грчки линии и дека влез на Македонија на тој начин не е можен.

ВМРО-ДПМНЕ во нивното сооштение до јавноста му посочува на СДС дека граѓаните очекуваат на дело да го видат ветеното од СДС, а не преку медиумите под нивна контрола да се  обидуваат да ја дефокусираат јавноста од тоа до каде се ветените 30.000 денари просечна плата и 16.000 денари минимална плата за кои во изборниот период говореа дека ќе ги реализираат.

Лекарите го очекуваат подобриот стандард и 100.000 плата. Граѓаните ги очекуваат и новите 500 километри автопат но и 5% раст на економијата на годишно ниво,какои 30.000 денари на крајот на годината од поврат на 15% од потрошеното ДДВ.

Според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните очекуваат дела, а не изговори. Граѓаните очекуваат напредок и подобар стандард, а не стагнација.

Граѓаните немаат никаква корист од најавите на СДС за уривање, блокирање и укинување и СДС мора да почне да испорачува тоа што го вети. Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања, се вели во соопштението.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top