| четврток, 6 декември 2018 |

Леброн Џејмс: Не сум разочаран, го дадов максимумот

Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс мораше да признае дека шампионската титула во НБА лигата заслужено се сели во Оукленд кај подобриот тим на Голден Стејт.

Сепак, по финалето иако им ја честита победата на ривалите, Џејмс истакна дека не му е драго што Кевин Дурант стана НБА шампион.

– Го дадов максимумот на секој натпревар. Лично немам причина да бидам разочаран. Нема причина да ја наведнам главата. Оставив се од себе на теренот во овие пет натпревари, но тоа не беше доволно – рекол Леброн.

„Кралот Џејмс“ со „трипл-дабл“ просек во финалето од 33,6 поени, 12 скокови, 10 асистенции пак беше на висината на задачата, но и тоа не му помогна да ги сруши Дурант и другарите.

Кошаркарите на Голден Стејт во изминатите три години играа исто толку пати во големото финале и освоија две титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top