| четврток, 6 декември 2018 |

„Информер“: Ќе се откаже од името за влез во НАТО – Заев повторно е подготвен да ја предаде Македонија

Зоран Заев, како начин за да ги забрза интеграциите на Македонија во ЕУ, изјави дека е подготвен да прифати земјата да стапи во НАТО под називот Поранешна Југословенска Република Македонија, на што инсистира Грција, пишува српски „Информер“.

– Постојат два начина – или решение на проблемот со името, или под привремената одредница да влеземе во НАТО, а да ги продолжиме преговорите со Грција – изјави Заев во своето интервју на националниот сервис.

Македонија се приклучи на т.н. „акциски план за подготовска за влез во НАТО“ во 2009 година. Во средата, грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на Заев, но и го потврди ставот на Грција околку спорот со името.

Заев, пак, соопшти дека очекува во наредните месеци Скопје да го посети генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој „ја отворил вратата за полноправно членство на државата во северно-атлантската алијанса“, пренесува „Информер“.

Инаку Алијасната планира до пролетта 2018 година да ја прими Македонија во својот состав, изјавил за „Спутник“ извор запознаен со преговорите за влез на Македонија во НАТО.

– Столтенберг планира на средината на јули да го посети Скопје и да разговара за отворените прашања. Целта на НАТО е до пролетта в година Македонија да биде членка на НАТО – истакнал соговорникот за агенцијата.

– И амбасадорот на САД во Скопје се сретна со министерот за одбрана за да разговараат на оваа тема. Вашингтон го повикува Скопје да почне со отстапки, а судејќи по сѐ што може да се види досега, тие се подготвени на тоа – додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top