| четврток, 6 декември 2018 |

Решение за дамките под пазувите

Нема човек кој што нема барем едно парче омилена облека која е уништена со дамки од потта под пазувите. Особено е честа појавата на жолти дамки на белата гардероба и тоа под пазувите и околувратникот.

Постојат неколку природни начини да се отстранат несаканите дамки.

Со аспирин
Истолчете две таблети аспирин во една шолја и помешајте ги со топла вода, а во мешавината натопете ја дамката и оставете да стои 3 часа. Потоа исперете ја облеката на вообичаенб начин.

Со лимон
Измешајте еднакво количество на сок од лимон и обична вода. Со мешавината натопете ги дамките, оставете малку да отстојат, па исперете ја облеката во машина за перење на алишта.

Сода бикарбона
Во едне сад измешајте две лажички сода бикарбона со вода и направте смеса како паста. Во тенок слој смесата ставете ја на дамките и оставете да стои еен час. Потоа исперете ја облеката.

Оцет
Алхолониот оцет нанесете го на дамките и оставете да делува неколку минути па потоа исперете ја облеката.

Овие состојки не треба да се ставаат на деликатни материјали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top