| четврток, 6 декември 2018 |

Јовица Мицевски го заврши снимањето на двојниот албум: „Скопје во сон“ и „Божја заповед“

Јовица Мицевски, момчето кое долги години се занимава со музика и јавноста го препознава по прекарот Бамбус, реши дека е вистинско време да и се оддложи на својата публика која со години го следи на сите негови настапи и да сними албум. И тоа двоен! Едниот “Скопје во сон” во поп-фолк манир, а другиот “Божја заповед” во фолк.

Материјалот е комплетно завршен, и во моментов се работи на снимање на видеа, како и на докомплетирање на целата слика околу проектот кој ќе содржи вкиупно 24 композиции и на кој работи тим од врвни музичари и автори.

Првиот дел насловен “Скопје во сон”, освен насловната ги содржи уште темите “Стари навики”, “Сонот мој си ти”, “Нека свират ноќва труби”, “Последна желба”, “Бродолом”… За насловната песна веќе е снимено и видео, а тоа всушност говори за податокот дека Мицевски сериозно работи на проектот кој треба да значи едно ново поглавје во неговата долгогодишна музичка кариера. Видеозаписот е работен со Арт студио, а кадрите се снимени на неколку интересени локации низ главниот град. Дел се снимени на кровот на Градскиот трговски центар, потоа низ уличките по централното градско подрачје и на Видиковец на Водно. Спотот го следи интересена приказна, која кореспондира со самиот текст на композицијата, која всушност зборува за боемскиот живот. Целиот материјал е во модерен поп фолк ритам, а меѓу соработниците освен самиот Мицевски се и Дејан Момироски, Борче Нечовски,  Александар Тарабунов…

Вториот дел “Божја заповед”, пак, е во фолк манир и содржи десет композиции. Меѓу авторите се имињата на Милан Завков, Зоран Џорлев, Орце Зафировски, Милан Зафков, Ванчо Димитров…

-Едвај чекам мојата публика да слушне што е се сработено. Се решив на ваков чекор за двоен албум затоа што сакав да има буквално за сечиј вкус по нешто. Верувам во овој проект, кој е работен со многу љубов и внимателно одбран тим од автори, и верувам дека и на публиката ќе и се допадне”, вели Мицевски.

Промоцијата на материјалот би требало да се случи кон средината на месецов.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top