По кус застој во работите околу ревитализацијата на делницата Бошков Мост-Дебар, што е дел од патот Маврово-Дебар, утре продолжуваат работите за асфалтирање на преостанатиот дел. Како што информираше претставник на компанијата „Ескаватор“ која ги изведува работите, ќе се продолжи со асфалтирање на делот на патот во близина на селото Рајчица.
Поради тоа прекин на сообраќајот ќе има во периодот од 13 до 18 часот на делницата Мелнички Мост – Дебар. Во периодот кога се изведуваат работите, во зависност од потребите, ќе се пропуштаат само приоритетни возила како брза помош, полиција или противпожарна.
Изведувачот најавува забрзана динамика на изведување на работите, со поставување двослоен асфалт, што значи дека повремени прекини во сообраќајот ќе има и понатаму. Во истовреме се работи и на зацврстување на постојните мостови.
Делницата, која беше со големи оштетувања, е во должина од над осум километри. Работите почнаа кон крајот на 2015 година, а се очекува да завршат до крајот на годинава. Инвестицијата е вредна над 2,5 милиони евра.
Со претходно реализираниот владин проект, со кој целосно се реконструира патот Дебар – Струга, Ново Село-Маврово, како и патот Мелнички Мост-Центар Жупа и најавите за реконструкција на патот кон преминот Блато, патната инфраструктура која општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше ги поврзува со поширокиот регион ќе ја добие потребната сигурност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Груевски на терен во Гази Баба: Реализирано барањето на граѓаните, во Камник асфалтирани улици во должина од 3 километри
-
Се асфалтира патот Ресен – Царев Двор
-
Реконструирани автобуските на Партизанска кај Буњаковец
-
Се продолжува ролерско – велосипедската патека на кејот на Вардар во Горно Лисиче (Фото)