| четврток, 6 декември 2018 |

Се продолжува ролерско – велосипедската патека на кејот на Вардар во Горно Лисиче (Фото)

rolerska-pateka

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ ја асфалтираат ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Горно Лисиче, на потегот од големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, од десната страна.

11

Оваа ролерско-велосипедска патека е формирана на должина од 2.000 метри, со ширина од 4 (четири) метри. На терен е направен ископ, нанесен е тампонски слој и рабници, а потоа и нов асфалтен слој.

22

Ролерско-велосипедската патека на кејот на реката Вардар што се протега од големиот парк на булеварот Февруарски поход до железниот мост во Горно Лисиче, односно до крај на регулацијата на реката Вардар, претставува продолжување на патеката која се протегаше од мостот „Тодор Александров“ до паркот на булеварот Февруарски поход.

33

Градот Скопје во текот на изминативе неколку години интензивно работи на изградба и реконструкција на велосипедските патеки во градот за да се формира мрежа на обележени и поврзани патеки што на велосипедистите ќе им овозможат беа пречки и безбедно да стигнат до посакуваната дестинација.

Така, во рамките на проектот „Скопје Велоград 2017“, се изградени и реконструирани велосипедски патеки во должина од околу 18 километри, а изградени се и ролерско-велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top