Официјалната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија е одложена откако тој по телефон ја известил премиерката Тереза Меј дека не сака да патува во Лондон се додека нема јавна поддршка за посетата.Ова го објави денеска Гардијан.
Во написот се додава дека Трамп рекол оти нема да замине во посета на Британија ако има јавни протести низ државата. Извор за весникот е советник на Меј кој присуствувал при разговорот. За посетата не беше назначен конкретен датум.
Портпарол на Кабинетот на Меј засега не ги коментираше наводите на весникот. Меј го покани Трамп да ја посети Британија седум дена по неговата инаугурација, откако беше во посета на Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.