| четврток, 6 декември 2018 |

И се заканиле со нож утринава во Скопје: Одземени 180.000 денари на Булеварот „Св. Климент Охридски“

Ограбена е жена на Бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје од две непознати лица кои со закана со нож од чантата и одзеле околу 180.000 денари, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

М.С.Т изутрина во 5.40 часот во ЕИК Скопје пријавила дека на бул. „Св. Климент Охридски“ во Скопје две непознати лица со закана со нож и извршиле разбојништво при што од чанта и одзеле околу 180.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top