| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Андонова по само шест месеци го напушта ПСЖ?!

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова ова лето ќе треба да бара нов клуб!

Андонова во изминатите шест месеци беше дел од францускиот гигант ПСЖ и имаше потпишано шестмесечен договор. Како што пишува „Ле Парисен“, клубот планира да се ослободи од неколку фудбалерки, а една од нив е токму Македонката.

Фудбалерката која настапува во нападот немаше шанса да ги покаже своите квалитети во ПСЖ затоа што имаше право за настап само во првенството, а не и во ЛШ поради настапите со шведски Розенгард во групната фаза.

ПСЖ ги загуби сите титули од Лион, во првенството, во Купот и во ЛШ. Покрај од Андонова, клубот не смета на Лус Гертс, Олеје Сар и Хава Цисоко. Во дресот на тимот од „градот на светлината“ Андонова одигра девет меча и постигна два гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top