| четврток, 6 декември 2018 |

Хорор: Таткото ја искршил вратата на сосед педофил- го затекнал со ќеркичката

20-годишен педофил Небојша Б. е уапсен под сомневање дека во својот дом блудничел над девојче од пет години. Хоророт се случувал во Шабац, Србија, во вторникот, кога девојчето со своите родители биле на гости кај куќни пријатели.

Семејствата на девојчето и педофилот се познавале со години, а Небојша живеел со баба му. Додека пиеле кафе, тој ја повикал малата со уште две дечиња кои биле во куќата да гледаат цртани филмови во соба. Пуштил цртани и легнал до нив.

За тоа време соседите седеле во дневната соба и немале поим што се случува зад вратите. Педофилот го искористил моментот на невнимание. Децата мирно гледале цртани, а тој на девојчето од зад грб ја напаствувал.

Престрашеното девојче почнало да вриска. Го молело да престане и викало на помош. Крикот го слушнал неговиот татко. Тој потрчал кон собата, ја скршил вратата и се ужаснал од сликата која ја затекнал.

Манијакот се обидувал да го обљуби девојчето во солзи додека тоа се тргало и вриштело.

Таткото веднаш го грабнал детето, го оттргнал од рацете на насилникот. Потоа се втурил кон педофилот и почнал да го удира, во моменти додека и другите присутни во куќата пристигнале до собата и повикале полиција.

Полицијата веднаш пристигнала и го привела педофилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top