| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон се надева и на парламентарна победа

Центристичката партија на францускиот претседател Емануел Макрон е на прагот на првиот круг од парламентарните избори со надеж да добие од трката значително мнозинство пред противниците.

Макрон го победи екстремнодесничарскиот кандидат и лидер на Национален фронт, Марин Ле Пен, земајќи ја претседателската власт на 7 мај, но заврши само половина работа, потсети AFP. „Република во движење“ која тој ја основа во април 2016 година како платформа за својата кандидатура за претседател, сега има потреба од силно мнозинство во Собранието, за да ги исполни реформите кои ги вети за време на кампањата.

Голем дел од анкетите покажуваат дека партијата на Макрон би можела да освои околу 30% од гласовите во првиот круг од гласањето во недела, што ќе го стави во позиција за да обезбеди апсолутно мнозинство во вториот круг една недела подоцна.

Партијата на Ле Пен изгледа ќе освои околу 15 места на национално ниво – резултат кој би претставувал уште едно длабоко разочарување, откако таа беше поразена од Макрон на претседателските избори. Ле Пен беше предизвикувачка во интервју оваа недела за AFP, велејќи: „Ние ќе бидеме единствените опозициски сили“. Макрон ги повика гласачите да му дадат силен мандат за да го реформира пазарот на труд, чии строги правила за вработување и отпуштање ја ограничуваат економијата, според многу експерти. Претседателот беше министер за економија во претходната социјалистичка влада и започна воведување на реформи, предизвикувајќи масовни демонстрации минатата година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top