| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев најавува изненадување против Шпанија

Има простор за изненадување против Шпанија, најавува капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев пред утрешниот квалификациски натпревар за пласман на СП 2018 во Русија. Македонија игра против една од најдобрите светски селекции, но Пандев потенцира дека сите во репрезентацијата се максимално подготвени да одговорат на секој предизвик.

-Знаеме дека не очекува тежок натпревар, играме против еден од фаворитите во нашата група. Ќе биде тешко но се поготвувавме 10 дена и максимално сме подготвени, нема што да загубиме, ќе се обидеме да го дадеме својот максимум – оцени Пандев , кој го издвојува Давид Силва како најопасен играч од составот на Шпанците, но и дека Илија Несторовски ќе им прави проблеми на одбраната на „фуријата“.

-Шпанците негуваат офазивен, технички фудбал… Како и претходно со истата филозофија продолжува и селекторот Лопетеги, но ако морам да издвојат поединец, мислам дека Давив Силва ќе биде најголемата закана за нашата одбрана. Знаеме дека оставаат простор поради нивниот напаѓачки фудбал, а ние мораме да го искористиме тоа. Се надевам дека преку контра напади можеме да ги изненадиме. Несторовски за нас е многу важен играч, селекторот Лопетеги е во право што смета дека токму Илија ќе прави проблеми на одбраната– вели капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top