| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан пензионер: Завршил цел искршен во болница

Во 20 часот во ЕИК  од страна на обезбедувањето од Градската болница „Св.Наум Охридски“, пријавено е дека во болницата донесен бил повреден 66-годишниот С.Б. од селото Радишани-скопско, којшто во близина на резервоарите за вода, физички бил нападнат од страна на 65-годишниот П.Л. кој го удирал со стап во пределот на телото, при што му нанел тешки телесни повреди и тоа отворена рана на главата, изместено десно рамо, скршена чашка од десна нога, фрактура на лев рачен зглоб, констатирани од страна на лекар.
Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top