Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи осум до 17 степени, а дневната од 21 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 11, а дневната до 30 степени.
Утре ќе преовладува променливо облачно време, на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а не е исклучена и појава на невреме со град и засилен ветер. Потоа следува стабилизирање на времето со покачување на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.