Заокружете го 24 јуни денот кога една од најубавите охридски плажи ја стартува сезоната Лето 2017. Токму за отворањето на комплетно реновираната плажа, која сезонава добива сосема нов и многу поразличен, уникатен изглед, односно во новата сезона една од најубавите плажи на Охридското Езеро ќе има комплетно сменет изглед, кој веруваме дека ќе ги задоволи вкусовите и апетитите и на најпребирливите, се најавува маратонска журка со неколку познати диџеи, пена забава и изненадувања за сите посетители на Градиште 1, 2 и 3. И тоа не е се, зашто на Градиште летово ќе има забави за сите вкусови, па така веќе на 22 јули на Градиште 1, 2 и 3 ќе се одржи традиционалниот, десетти по ред Love and happiness фестивал, во чии рамки на сите три плажи ќе има забави со неколку светски и домашни диџеј имиња, кои ќе бидат објавени наскоро. Се очекува за добрата атмосфера да се погрижат преку 30 изведувачи, а за посетителите се предвидени и пена забава, огномет… Забавите на сите три плажи почнуваат во 21 часот, а билетите во претпродажба по цена од 400 денари ќе бидат пуштени од понеделник. Билетите на врата ќе чинат 600 денари, а во претпродажба може да се набават преку мрежата на купикартизасе, станица Стража, плажата Градиште, Острово – Свети Наум и ланџ бар Ноа во Охрид. 29 јули, пак, е резервиран за спектакуларниот концерт на најголемата фолк ѕвезда на просторите на поранешната држава – Лепа Брена. Настапот на Лепа Брена е закажан на плажа 2, па заради ограничениот капацитет бројот на влезници е ограничен. Во претпродажба билетите ќе бидат по промотивна цена од 600 денари, додека на врата таа ќе биде повисока. Стартот на концертот е во 21 часот. На 5 август гостуваат шармантните Фрајле, четиричлениот женски акустичен бенд од Нови Сад, девојките кои ги освојуваат срцата на публиката од 2009 година кога е основан бендот. И Фрајле ќе се погрижат за журката на плажа 2. Влезниците за дружбата со девојките кои свират од руско-циганска музика до актуелни поп-рок и авторски теми во претпродажба ќе се продаваат по цена од 500 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.