| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев не дал исказ, побарал увид во доказите!

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку, како што изјави, побарал увид во доказите за случајот „Талир“.

-Побарав увид во доказите и штом ќе ги добијам, ќе се изјаснам – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој во изјава за медиумите не сакаше да ги коментира информациите за истрагата на СЈО во случајот „Талир“.

– Да оставиме случајот да се води во институциите, без да даваме дополнителни изјави и коментари – рече Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top