Терористичката група Исламска држава упати нови закани кон Белгија, САД, Русија, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и Италија, јавија белгиските медиуми.
Се забележува дека заканите се објавени на „вообичаените канали“ на ИД и поради тоа нивната веродостојност не се става под сомнение.
Во најавите, терористите ги повикуваат своите браќа муслимани да избегнуваат јавни места како пазари, улици и паркинзи бидејќи „борците на калифатот таму ќе се разнесат, ќе ги прегазат луѓето и ќе им го пресечат вратот“.
Белгиските служби за безбедност извршуваат проверка.
Јавните места во Брисел од крајот на 2015 година се ставени под полициски надзор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Џихадистите со заканувачки постер: Ќе посееме смрт во метрото во Њујорк и…!
-
Детали од заканувачките писма до Коѕијас и грчките министри: Имаме 3 куршуми, по еден за секоја Македонија