| четврток, 6 декември 2018 |

ИД упати нови закани кон осум земји

Терористичката група Исламска држава упати нови закани кон Белгија, САД, Русија, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и Италија, јавија белгиските медиуми.

Се забележува дека заканите се објавени на „вообичаените канали“ на ИД и поради тоа нивната веродостојност не се става под сомнение.

Во најавите, терористите ги повикуваат своите браќа муслимани да избегнуваат јавни места како пазари, улици и паркинзи бидејќи „борците на калифатот таму ќе се разнесат, ќе ги прегазат луѓето и ќе им го пресечат вратот“.

Белгиските служби за безбедност извршуваат проверка.

Јавните места во Брисел од крајот на 2015 година се ставени под полициски надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top