| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Брисел поднесе оставка поради корупција

Градоначалникот на Брисел, Иван Мајер поднесе оставка поради корупциски скандал. Мајер е обвинет дека примил илјадници евра неоправдани исплати поради надгледување организација што им помага на бездомниците.

Белгиските медиуми јавија дека во текот на изминатите неколку години неколку политичари си поделиле десетици илјади евра. Претседателот на Социјалистичката партија, чијшто член е Мајер, поранешниот премиер на Белгија, Елио ди Рупо, оставката ја оцени како неопходна.

Мајер беше на позицијата градоначалинк на Брисел од 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top