Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од лидерот Никола Груевски денеска во Будимпешта присуствуваше на средба со десничариските партии од Балканот што ја организираше унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Груевски по средбата оцени дека се работи за партиски состанок, но оти тој е од значење за државните интереси на Македонија.
– Иако ова е партиска соработка, таа се однесува на државните интереси и напредокот на државата и е добро кога Македонија ќе ја има зад себе Унгарија, Хрватска, Словенија итн. како и лидери кои се добро познати од овој регион и кои ќе вршат влијание во ЕУ, Македонија што побрзо добие покана за членство во ЕУ, изјави Груевски.
Тој посочи дека состанокот бил во правец да се разгледаат политичките и економските состојби на земјите коишто присуствувале на средбата, меѓу кои имало земји членки на ЕУ, но и земји кои се стремат да бидат дел од европската заедница.
– Ќе се поддржуваме и како партии, но и како држави, да се елиминираат дестабилизирачките фактори и да се поттикнат и помогнат оние земји коишто не се членки на ЕУ побрзо да станат, а оние што се земји членки на ЕУ, да го поддржат стапувањето на оние кои не се членки на ЕУ, нагласи Груевски.
Тој додаде дека унгарскиот премиер Орбан споменал дека не се заморени од проширување и оти сакаат да го поддржат овој процес и да помогнат земјите од регионот кои не се членки на ЕУ, што поскоро да станат дел од Унијата.
До крајот на годината било договорено да се одржи уште една ваква средба, најверојатно во октомври или ноември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски