На 9 јуни, (петок), со почеток во 20 часот, во просториите на НУ Музеј на македонската борба, ќе биде промовирано новото издание од авторите Ставре Џиков и Киро Кипроски, „Сага за македонските воени пилоти“. Промотори на книгата во издание на издавачката куќа „Антолог“ ќе бидат проф. д-р Михајло Миноски, проф. д-р Марјан Иваноски и проф. д-р Трајан Гоцевски, а водител на манифестацијата е Ленче Смилевска.
Покрај промоцијата на изданието, посетителите ќе можат да ја проследат и изложбата на фотографии и макети на воздухоплови од макетарскиот клуб „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ од Скопје, како и изложба на воени униформи од воздухопловството на РМ.
Во музичкиот дел од промоцијата ќе настапат учениците од МБУЦ „Илија Николовски- Луј“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.