| четврток, 6 декември 2018 |

Kaрти за Манечестер – Реал во Скопје за 700 евра?

Билети за УЕФА Суперкуп натпреварот во Скопје се нудат по цена од триста до седумстотини евра, ова се лажни „on-line“ информации, официјално потврдија од европската фудбалска федерација за Сител ТВ.

На интернет кружат лажни портали кои продаваат влезници за Суперкуп натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед кој на 8 август ќе се игра во Скопје на Националната Арена. Цените за кои се нудат влезниците достигнуваат и до 700 евра, во зависнот од категоријата. Тоа се десетпати повисоки цени, со оглед на првичните најави од УЕФА дека картите ќе може да се набават за 15 до 40 евра.

Од европската фудбалска асоцијација велат дека тоа се лажни сајтови, бидејќи влезниците ќе можат да се купат единствено „on-line“ преку нивната официјалната страна. Оттаму најавуваат дека интернет страната преку која ќе може да се аплицира за билетите, ќе биде во функција од средината на Јуни.

Официјалниот капацитетот на Арената Филип Втори изнесува 33 400 седишта, но истиот треба доправа да биде намален од УЕФА поради безбедносни причини. Според досегашната пракса, навивачите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед веројатно ќе добијат по околу 5 000 влезници. Еден дел од трибината ќе биде наменет за гостите на УЕФА, а останатите места ќе ги пополнат најсреќните љубители на фудбалот од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top