| четврток, 6 декември 2018 |

Ванчо Шехтански си поднесе оставка

Директорот на Државниот инспекторат на локалната самоуправа, Ванчо Шехтански, до Зоран Заев поднел неотповиклива оставка. Во оставката објаснува дека е нелогично да носи одлуки во време кога има нов владин состав.

– Ве известувам дека си давам неотповиклива оставка на местото В.Д. Директор на Државниот Инспекторат за локална самоуправа. Со оглед да има многу различни толкувања на проблематиката од областа на локалната самоуправа со која раководам, сметам дека со оглед на тоа дека сум именуван од претходен владин состав, нелогично е да носам одлуки во време кога веќе има нов владин состав и нови кадровски решенија кои е логично да одлучуваат и ја водат институцијата во идниниа, стои во оставката на Шехтански.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top